Коронавирусот повторно се појави во Вухан во смрзнато месо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Здравствената комисија на Вухан соопшти дека открила коронавирус на остатоци од пакување на говедско месо од Бразил, откако е одобрено тестирање на смрзната храна ширум Кина.

Комисијата додаде дека коронавирус се пронајдени на амбалажата на три пакувања, пренесе Ројтерс.

Месото стигнало во Кина преку пристаништето Квиндао на 7. август, а во Вухан пристигнало 10 дена подоцна, и цело време парчињата биле во ладилник.

Вухан е познат по тоа што беше првиот град во кој се појави коронавирусот, кој подоцна се рашири низ целиот свет.

Бразилската влада за Ројтерс истакнала дека не добила никакво известување од кинеските власти за пронајдениот вирус.