Вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 гостува поранешната пратеничка Никица Корубин, со која разговаравме за нејзиното излегување од ЛДП и делување фракционерски.
Таа вели дека за жал не се променило ниту во таа партија, ниту во друга да бидат чесни.
„Идејата моја за излегување од ЛДП тогаш и денес како што го разбирам партискиот живот, не се променило многу. За жал не се променило, ниту во таа партија, ниту во друга да бидеме чесни. Јас можев тогаш, а и сега тоа искуство да го влечам од партијата на која припаѓав“, вели Корубин.
Според неа, фракционерството не успеало затоа што не било момент тогаш за некаков поголем дисбаланс.
