20% од студентите сметаат дека корупцијата на универзитетите е многу или екстремно висока. Ова се резултатите од истражувањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација, спроведено со студенти на државни универзитети. Мишо Докмановиќ, проект менаџер, вели дека 10% од анкетираните рекле дека професорите им бараат мито. Но ваквата корупција, 90% од студентите не знаат каде да ја пријават.
За спречување на корупцијата и намалување на ризиците, членот на Анхтикорупциска, Владимир Георгиев, вели дека е потребно да се зголеми ефикасноста на судските кривични органи за казнување на сторителите.
Ова истражување е реализирано во Македонија, Албанија и Србија. Резултатите покажале дека воопшто состојбата со корупцијата на универзитетите во овие три држави е иста. Во Северна Македонија, 33% од студентите рекле дека се плашат да пријават корупција плашејќи се од последиците потоа.
