Корупцијата веќе се смета како најболен феномен во нашата земја и тоа се доста охрабрувачки вести, истакна претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во дебатниот магазин „Клик Плус“.
Ивановска говореше и за една од најактуелните теми – заминувањето на младите.
Во синоќешната дебата стана збор и за ослободувањето на поранешниот судија, Владимир Панчевски, осуден за злоупотреба на системот за електронска распределба на судски предмети (АКМИС), но соговорничките истакнаа дека судските одлуки не се коментираат.
Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, која по 10 години се врати во политичките води, истакна дека судски процеси се водат и против актуелни функционери на власта.
Беа спомнати и случаите за предмети кои уште пред неколку месеци се доставени до Обвинителство, а за кои сѐ уште не е преземено ништо.
