Кос порача дека Македонија има свое место во ЕУ: „Проширувањето на ЕУ не се базира на однапред добиени гаранции“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еврокомесарката за проширување Марта Кос по средбата со премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во земјава има охрабрувачки напредок во реформата агенда и со тоа Македонија се наоѓа меѓу најдобрите земји во исполнување на обврските. Во однос на евроинтегративниот процес таа не заборави да спомене дека треба да се исполни обврската за донесување на уставните измени. Воедно го повтори и ставот во однос на тоа дека ниту една земја не може да добие гаранции дека нема да биде блокирана во процесот на интегрирање. Премиерот Мицкоски пак порака дека Македонија работи посветено на постигнување реформи и дека единствена опција останува членството во ЕУ.

„Усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формнално започнување. Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа.“, вели Кос.

„Јас сум убеден дека ние како Влада сме вистински фронтранери кога станува збор за квалитетот на испораката и брзината на испораката, посветеноста и работата и во таа насока ќе продолжиме да работиме, за нас нема во моментот никаква друга опција ниту план Б, за нас единствена опција е членство во рамките на Европската унија и посветеност во делот на испораката на реформите“, вели Мицкоски.