Косата ви е извалкана, а немате време за миење? Неколку намирници со кои може да ја освежите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Понекогаш се случува да немате волја да ја измиете косата, иако истата ви е мрсна. А мора да одите на работа, да имате средби со луѓе.

Што тогаш да превземете?

Еве неколку намирници со кои може да ја освежите косата за еден ден, и да ви изгледа како измиена.

Пудра за бебиња – ова е спасот за мрсна коса, и многумина од жените го употребуваат. Тоа е врзо средство за средување на валканата коса. Само попрскајте ја косата, а потоа добро исчешлајте ја за да исчезне белиот прав.

Густин и какао – Не е изненадување дека некои работи во кујната може да ни помогнат за освежување на косата. Ако сте со плава коса, тогаш 1/4 шолја густин и исто толку какао во прав, може да ја направи вашата коса чиста. Наместо какао, може да употребите сода бикарбона.

Глина во прав – Делува како сув шампион, и остава мирис во косата. Поради состојките кои ги содржи, ја симнува мрснотијата од косата, и дава убав ефект.

Антибактериски гел за раце – Ова сигурно сите го имаме дома поради пандемијата со коронавирусот. Сигурно не сте ни претпоставиле дека може да го користите во итни случаи да го решите проблемот со мрсната коса. Само намесете малку гел на рацете и пројдете по темето на главата. Алкохолот го впива вишокот на маснотија.