Кошаркарските и фудбалските натпревари пред празни трибини, Вардар – Монпеље во ЛШ со публика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После препораката на Владата сите спортски натпревари викендов да се играат без публика поради коронавирусот, кошаркарската и фудбалската федерација ја прифатија препораката, и одлучија мечевите викендов да се играат без публика.

Ракометниот натпревар помеѓу Вардар и Монпеље во рамките од Лигата на шампионите, ќе се игра со присуство на публика. Од РК Вардар објаснуваат дека многу било кратко времето да се донесе одлука сега. Апелираат да не се носат деца на натпреварот.