Косово: До 11:00 часот гласаа 8,29 отсто од граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на граѓани кои гласале до 11:00 часот изнесува 162.439 гласачи, односно 8,29 отсто, врз основа на прелиминарните податоци од повеќе од 97 отсто од избирачките места.

Претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи, изјави дека изборниот процес се одвива без проблеми.

„Процесот на гласање се одвива според планираното. Според податоците од општинските изборни комисии, гласањето досега се одвива во редовни услови и без никакви проблеми“, изјави тој на прес-конференција.