Косовската полиција приведе двајца осомничени во Eлез Хан, под сомнение дека се обиделе нелегално да ја преминат границата од Македонија кон Косово.
Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 5 јуни околу 16:10 часот, кога полициските единици наишле и привеле двајца осомничени мажи додека биле на патрола.
При проверката на идентитетот, за еден од осомничените е издадена активна потерница и со него ќе се постапува согласно важечките законски процедури.
Во меѓувреме, другиот осомничен, по консултација со надлежниот обвинител, е пуштен на слобода во редовна постапка.
