Косовската претседателка Османи: Време е да седнеме и најдеме решение со ЕУ и со САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се надева дека актуелните спорови на Косово со ЕУ и САД ќе бидат надминати. На средбата со политичките дописници, за време на престојот во Берлин, Османи рече дека е време да се седне да се изнајдат трајни решенија.

„Не мислам дека разликите може да се избегнат со меѓусебно напаѓање во медиумите, туку ако седнеме и разговараме“, рече таа. Османи продолжи дека сега останува да се разјаснат некои детали околу реорганизацијата на изборите на север и повлекувањето на полициските сили од општините, две актуелни барања на земјите од Квинта кон Косово. За новите избори во четирите српски општини на северот на Косово, Османи рече дека услов за нивно одржување е да се обезбеди учество на Србите.