Коста Петров се заблагодари на СДСМ и сопратијците – „Останувам посветен на трансформацијата на македонскиот стартап екосистем“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, преку Фејсбук се заблагодари за функцијата потпретседател на СДСМ изминатата година и пол.

„Изминатите година и пол беа исполнети со многу нови пријателства, неверојатни искуства но и многу научени лекции. Бескрајно сум благодарен за дадената шанса. На новоизбраните партиски функционири им посакувам пред се успех, позитивна мисла и огромна посветеност. Само така можеме да ја менуваме заедничката реалност. Останувам посветен на трансформацијата на македонскиот стартап екосистем со цел градење на нова, иновативна економија во која македонските стартапи и новиот бран на претприемачи ќе ја имаат централната улога!“, напша Петров на Фејсбук.

На последната владина седница, Петров беше од в.д избран за директор на ФИТР.