Костовски: Децата од Чаир кои веќе имаат брат или сестра во „Пенко“, ќе можат да се запишат во ова училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изјави дека никој не бил дискриминиран при уписот во основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“ во оваа општина.

Костовски посочи дека во соработка со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, донеле одлука во училиштето да можат да се запишат и ученици со адреса во Општина Чаир, но само доколку веќе имаат брат или сестра кои посетуваат настава во ова училиште.

„Еве една новина. Во договор со министерката, направивме нешто што многу често се практикува низ цела Македонија и во градот Скопје. Можам да дадам примери. Оние деца кои се од Чаир, а веќе имаат брат или сестра во Основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, беа примени по сопствена желба, едноставно за да покажеме дека ова нема никаква етничка конотација и да биде јасно дека нашата цел не е ништо друго освен обезбедување исклучително квалитетна настава“, изјави Костовски.