Ковачев: Судот во Стразбур никаде не кажува, има ли пресуда дека Бугарија треба да признае малцинства?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европратеникот Андреј Ковачев, ги демантира обвинувањата дека Бугарија не исполнила ниту едно барања од судот во Стразбур за регистрација на македонски организации во источниот сосед.

Тој во интервју за ТВ21 кажа дека во одлуките од Судот во Стразбур нема никаде дека Бугарија треба да признае малцинства.

„Нема никаква драма, нема никаков проблем, Бугарија ги има исполнето апсолутно сите барања кои и судот во Стразбур никаде не кажува, или има пресуда, дека Бугарија треба да признае малцинства. Нема таква работа. Има да ги исполни критериумите за регистрација на невладини организации, а кога некоја организација ги исполни овие критериуми, тие ќе бидат регистрирани, како што се регистрирани две организации од луѓе, кои се претставуваат како етнички Македонци. При последниот попис во Бугарија, да не згрешам, беа илјада или колку кои се запишале како  етнички Македонци.“, рече Ковачев.