Ковачевски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На вечерашната прес-конференција лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека „денешниот резултат е разочарувачки на СДСМ му е зададен тежок удар“.

Ја честитам изборната победата на нашиот политички конкурент ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание им посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и европската иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова на републиката и се надевам и посакувам функцијата да ја извршува во согласност со дадените уставни овластувања и евроатлантската посветеност и обврски на државата, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека „денешниот резултат е разочарувачки на СДСМ му е зададен тежок удар не само од граѓаните туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати секако во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход“.