Ковачевски додека бил премиер, го зголеми својот недвижен имот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со парите од продажбата на поголемиот стан и колата, како и со парите од дивидендата си купив два помали стана и една викендичка во Волково, објаснува пратеникот и поранешен премиер Димитар Ковачески за разликата во анкетните листови во ДКСК. Податоците покажуваат додека бил премиер, го зголеми својот недвижен имот, пишува Радио Слободна Европа.

Во последната година од премиерскиот мандат, Димитар Ковачевски го зголемил својот имот за еден стан и една куќа. Ова го покажува споредбата на двата анкетни листа што ги поднел до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)- првиот кога стана премиер во јануари 2022 година, а вториот кога стана пратеник во јуни 2024.

Пратеникот Ковачевски за Радио Слободна Европа вели дека транспарентно сите промени на имотот ги пријавил во Антикорупцијата комисија.

Откако истекоа роковите за доставување на новите анкетни листови на функционерите, антикорупционерите во следниот период ќе работат на проверка на податоците добиени од нив.

Според новиот анкетен лист, Ковачевски поседува вкупно четири стана и една куќа. Еден од становите е во сопственост на неговата сопруга Елена. Пријавената вредност на недвижниот имот изнесува 365 илјади евра.

Читај повеќе на РСЕ