Колку пакетот мерки кои Владата го презентираше ќе има ефект врз граѓаните, но и компаниите, откако цените и на струјата, но и на производите неколкукратно се зголемија.
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мерките ќе биле ефективни бидејќи тие ги таргетираат најранливите категории граѓани. Ние претходно имавме замрзнување на цените но потоа се определивме за замрзнување на маржите бидејќи и цените на суровините но и на енергенсите драстично се зголемија на берзанскиот пазар, вели Ковачевски.
„Мерките очекуваме да бидат ефективни, затоа зашто тие ги таргетираат најранливите категории на граѓани. Вие гледате дека ние одвоивме финансиски средства за примателите на различна помош кои што не можат да го зголемат својот приход за најранливите категории по различни основи. Доколку ја ограничиме продажната цена, значи доколку се стави прајс-кат на продажната цена тоа значи дека во одреден момент, цената по која треба да продаваат производителите и трговците ќе биде пониска од трошоците кои што ги имаат. Доколку се доведеме во таква ситуација веднаш ќе има недостатоци на пазарот“, вели Димитар Ковачевски.
Во однос на предложените мерки претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тоа се само маркетиншки трик за манипулирање со јавноста. Мал е износот на средства за мерките кои се насочени кон најранливите категории граѓани, но овие мерки во вид на финансиска помош доаѓаат по високиот ценовен удар и силното осиромашување на населението. Едно од предлозите кои тој ги дава е вишоците произведена струја кои не би требало да надминуваат цена поголема од 80 евра за мегават час да бидат ставени на стопанството во следните 6 месеци, што ќе значи компаниите да работат во недела. Исто така тој предлага.
„Секоја цена на мегават час која што компаниите ќе ја платат а ќе биде повисока од регулираната според тарифникот за мали потрошувачи на Регулаторната комисија за енергетика половина од трошоците да ги плати Владата во вид на субвенција. Предвидуваме викенд без ДДВ за основните прехранбени производи. Викенд без ДДВ за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да не удираме со ДДВ-то врз стандардот на граѓаните“, порача Христијан Мицкоски.
Владата викендов ги усвои а потоа ги претстави и мерките за ублажување на економската и енергетската криза со која е предвидено финансиска помош на ранливите категории граѓани, како и пензионери со ниски примања. Усвоени се и мерки за поддршка на приватниот сектори, кои што таргетираат микро, мали и средни компании.
