Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека премиерот Димитар Ковачевски нема да патува во Киев за време на Преспа форумот за дијалот, поради тоа што, како што вели Османи, е многу важно тој да биде тука за време на форумот.
„Доаѓаат многу гости од Европа и светот, ние сме организатори на овој настан, ќе бидат и сите регионални лидери. Премиерот Ковачевски како домаќин е многу значајно да биде тука за време на одржување на форумот и тоа е причината зошто нема да патува за Киев заедно со Рама и Абазовиќ“, рече Османи.
