Ковачевски се пожали: ВМРО ме напаѓаше, никој не ме бранеше, целото раководство во оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цело раководство ни е во оставка и 30 дена бев мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, немаше кој да не брани, рекол новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски пред партиските органи вечерва, дознава ТВ21.

Според партиски извори на ТВ21, Ковачевски се пожалил пред членовите дека цело раководство во еден момент ја напуштило партијата и тој како нов лидер на партијата останал без поддршка.

Вечерва во СДСМ се избира ново раководство откако претходно се повлекоа најголем дел од нив, а последни оставки поднесоа генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

На местото на Николовски за генерален секретар на партијата треба да биде избран Миле Зеќевич, а Фатмир Битиќи, Перо Костадинов, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Стефан Богоев за потпретседатели.