Ковачевски со коментар по извештајот на Светска Банка за стагфлација во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во информативниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека стагфлацијата не е непознатa во економијата и ja има и во другите држави.

Стагфлација е состојба на економијата која се карактеризира со општ скок на цените инфлација со пад на производството.

„Тоа е дел од извештајот на Светската банка кој што се однесува на Северна Македонија, меѓутоа доколку ги видите извештаите и за другите држави, тогаш ќе видите дека тој феномен важи и за другите држави, вклучително најмногу европските држави. Феноменот на стаглфлација не е непознат во економијата, тој се има случувано, тоа се негативни стапки на економски раст, намалување на невработеноста и зголемување на инфлацијата“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека привршуваат преговорите со ММФ и очекуваат позитивни одговори. Ковачевски додаде дека има зголемување на цените на основните продукти и енергенсите, поради што Владата ги замрзнала маржите на истите.