Премиерот Димитар Коачевски вели дека граѓаните на изборите ќе можат да изберат дали ќе гласаат за коалицијата сочинета од европскиот фронт или, од друга, како што вели, коалицијата која е против членството во ЕУ. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ залудно зборува за алтернативи кои според него не постојат. На прашањето дали успеале да ја убедат АА да му се придружи на европскиот фронт, Ковачевски изрази убеденост дека сите политички партии кои се дел од европскиот фронт во Влада, ќе бидат дел од коалицијата и во идниот мандат.
Но според првиот вицепремиер Артан Груби, оваа проевропска коалиција сакаат да ја уништат некои руски сили и експоненти. Ги спомна вчерашните зборови на помошник секретарот на САД, О’Брајан дека во земјава има партии кои не кажуваат која е нивната визија за во иднина.
Ваквите тврдења ги поддржа и премиерот Ковачевски кој рече дека навистина Русија секогаш ги попречувала стратешките цели на Северна Македонија, особено членството во НАТО и евроинтегративниот пат.
