Ковид кризата ги погоди и сексуалните работнички – бараат полицијата да не ги третира како криминалци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сексуалните работници да бидат признаени како работници на пазарот на труд. Непречено да обезедуваат егзистенција за себе и своите семејства. Да имаат право да го изберат начинот и формата на работата, но и можност да ги исполнат своите граѓански должности кон државата-порача Јагода Митева активистката за зашита и унапредување на правата на сексуалните работници на „Стар“ прв клектив на Балканот на Светскиот ден на сексуалните работници. Дали ја почувствуваа корона кризата сексуалните работници?

„Да, ја почувствуваа и тоа доволно ја почувствуваа. Затоа што со самото тоа шт беше ограничено времето сексуалните работници не можеа да работат воопшто и не можеа да рабоат воопшто и тука најмногу ги погоди нив круизата со Ковидот најмногу влијаеше на сексуалните работници“, вели Јагода Митева.

Професионален, еднаков и правичен третман од страна на јавните даватели на услуги и претставниците на институциите при остварувањето на своите права од здравствената, социјалната и правната заштита.

„Со изложување на црвените фустани сакаме да покажеме дека сексуалните работници кои со своја волја доброволно одлучиле да се занимаваат со работата која ја работат, со гордост го носат црвениот фустан и дека сакаат да им се овозможи средина, околина во која ќе бидат почитувани“, посочи Хајди Штерјова Симонивиќ. 

Со декриминализацијата ќе се минимализира влијанието на полицијата во регулација на сексуалната работа, кои ги третираат како криминалци- вели правната советничка.

„Сексуалната рабоа во Северна Макеоднија мора да се декриминализира , сметаме дека токму овој модел ќе овозможи, почитување на човековите права, на достоинството на сексуалните работници, заштута на нивните човекови и работнички права“, посочи Драгана Дрндаревска.

Група сексуални работници на денешен ден во 1975 година во Париз за првпат го изразиле својот револт  од непочитувањето на нивната професија, но и барања за унапредување на нивните права. Оттогаш 40 -тина години по ред секаде во светот овој ден се одбележува, а во Скопје со изложување на црвени фустани во Градски парк.