Владата на вчерашната седница донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, без разлика на капацитетот и бројот на присутни гости, како и за други настани задолжително е поседување на потврди за:
- извршена имунизација од вирусот, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19
- прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена
Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од шопинг моловите.
Од Министерството за здравство за ТВ21 велат дека овие мерки не важат за лица под 18 години.
„Ковид документи за влез на настани и други објекти опфатени со одлуката на Владата, не важат за малолетни лица под 18 години“, посочуваат од министерството.
