Иако е намален бројот на туристи заради Ковид ситуацијата, сепак некои се одлучуваат да го избегнат загадениот воздух и далеку од градскиот метеж да заминат на планина. Но поради пандемијата постојат одредени услови кои мора да ги исполните доколку саката да патувате.
„Проблемите со кои се соочуваме се од типот оние кои не се вакцинирани и патуваат со тестови во последен момент кога го прават тестот излегуваат позитивни. Еден член од фамилија сите ги спречува да одат. Деца до 12 години немаат потреба од тестирање, над 12 прават антиген тест во рок од 24 часа. ПСР тестот не треба да биде постар од 72 часа или потврда од прележан Ковид“, вели Наташа Трајковски.
Цената за сместување е различна и зависи од положбата, дали хотелот е во близина на ски патеките или подалеку, па цената се движи од 600 евра до 5000 евра на Златибор обаснува Трајковска. Додека во нашата земја цената е над 35 евра од ден, во соседството над 65 евра од ден.
„Има интерес за Копаоник, но цените се многу високи за стандардот на нашиот граѓанин па од таа причлини интересот се намалува. А за Бугарија изминатите години сме имале многу голема побарувачка посебно за Банско, Боровец. Но годинава незнам дали има големо влијание и политичката ситуација, но многу странки кои ги бирале овие дестинации за скијање оваа година не ги одбраа“, додава Ана Марија Алексова.
Поголемиот дел се свртени кон домашниот туризам, кој пак има проблем со сместувачки капацитети. Па, така доколку сакате викендов да отидете на Шапка, Пониква, Крушево поради зголемениот интерес, а малиот капацитет можеби и нема да можете да најдете сместување за подолг период.
