Крадци ограбија аптека во Чаир, сопственикот почина од срцев удар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова аптека во населба Џон Кенеди, Чаир, вчера беше мета на крадци. Откако го земал дневниот промет, крадецот избегал. Сопственикот на аптеката откако бил известен за тоа, дошол на местото на настанот, по што се вознемирил и доживеал срцев удар и како последица на тоа починал.
Сведокот на случајот раскажува за тоа како се случило настанот.

„Кога излезе надвор, само ја отвори вратата како што разговаравме му се слоши. Јас го придржав да не падне. Дури се обидовме да му дадеме прва помош, потоа дојде и брзата помош, го внесоа внатре и се обидоа да му помогнат. Јас се уште не сум спиел од синоќа.“

Жителите на Чаир велат дека ова не е прв случај и дека Чаир станува небезбедно место.

„Сега моментално нема безбедност.“

Поминав таму за да видам дали е вистина. Секогаш сум купувал лекови од таму, добро го познавам. Што да кажам, немаме држава.

Од МВР велат дека работат на случајот.

Од јануари до крајот на јули, се регистрирани 137 кражби во скопски Чаир каде мета се приватните бизниси и домовите.