Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Килијан Мбапе, почнува нова страница во својата кариера. Играчот на ПСЖ вечерва соопшти дека го напушта клубот по завршувањето на сезоната и завршувањето на договорот.
Тој мина во ПСЖ седум сезони, откако од Монако дојде во овој клуб.
Мбапе најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, тим со кој веќе долго време се поврзува.
