Кралот Чарлс III ја наследува круната на 72 годишна возраст. Во историјата на британската империја тој е престолонаследникот кој чекаше најдолго за да се качи на престолот. Првородениот син на кралицата Елизабета II и на принц Филип се раѓа на 14-ти ноември 1948 година во Лондон.
На 21 годишна возраст на специјална церемонија Чарлс официјално е принц на Велс. Настанот е пренесуван директно на телевизија и е гледано од 19 милиони гледачи во Велика Британија.
Младиот принц учи археологија, антропологија и историја на Универзитетот Кембрич. Поминува воено училиште кај воено-морските сили, како и воено-воздушните сили како и специјална обука за управување со хеликоптер. Член е на над 4000 илјади добротворни организации, а се декларира и како заштитник на природата.
На 29-ти јули 1981 година прави свадба во Лондон и склучува брак со Дејана. Една година подоцна се раѓа принц Вилијам, а потоа и принц Хари. Бракот продолжува 15 години, со многу турбуленции во нивните односи. А трагичната смрт на принцезата Дејана во 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз ја одбележува трагедијата на кралското семејство.
Тогаш се дознава дека во нивниот брак имало и трет човек. Големата љубов на Чарлс останува Камила Паркер Боулс, со која склучуваат брак во 2005 година. Во мај оваа година принцот Чарлс за прв пат доби важно уставно задолжение, наместо кралицата да се обрати кон членовите на парламентот.
Новиот крал на Велика Британија еднаш ја посетил и Македонија во 1998 година, а на интернет и не може да се најдат повеќе информации за неговата посета.
Бил примен во хотел Континентал, а средба имал и со македонскиот виртуоз Влатко Стефановски, кој во таа прилика му го подарил цедето од тогашниот нов албум „Џипси Меџиќ“. Бил на работа посета во Охрид, а имал и средба со првиот претседател на Македонија Киро Глигоров.
