Министерството за внатрешни работи открива дека синоќа во Кратово во помошен објект во двор на куќа, биле пронајдени две безживотни тела. Станува збор за тело на 67-годишен маж и неговата сопруга. Јавен обвинител нареди обдукција.
„На 12.02.2020 околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66). Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.“, се вели во извештајот на МВР.
