Кражба во аптека во Скопје, одземени производи и пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28.03.2020 околу 08.30 часот во СВР Скопје, И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба.

Од увидна екипа од СВР Скопје е извршен увид, при што е констатирано дека во периодот од 19.00 часот на 27.03. до 08.00 часот на 28.03.2020 непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.