Гувернерот на Народната банка Трајко Славески е длабоко уверен дека со мерката на Централната банка за намалување на учеството за купување на прв стан за живеење, ќе се намалат и каматите на кредитите со кои ќе се купуваат овие живеалишта.
Иако банкарската логика е дека што е помало учеството, тоа се построги условите и се поголеми каматите и ризикот на банките, Гувернерот верува дека оваа логика нема да држи во Македонија и мерката со која учеството за купување на овие живеалишта се намали од 15 на 10 отсто, а за купување на втор или секој нареден стан се зголеми на 25 насто, ќе даде резултати.
„Господнине Теменугов, се е релативно. Еве земете на пример ако сега вие можете со еве 10.000 евра во денарска противвредност за помал стан кој што не мора да биде во центарот на Скопје, да влезете во решавање на своето станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20 илјади вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или дека не би било поповолно за оние кои што имаат нерешено станбено прашање.“, порача Трајко Славески.
Гувернерот вели дека банките имаат време од 2,5 месеца да се прилагодат на мерката и да дадат поповолни услови за купување на стан за живеење. Засега нема никаква информација дали каматите би се намалиле за ваквите кредити.
„Оно што сакам да нагласам, повторно, нели ние не сме институција што ги определува во овој момент каматните стапки, но, укажуваме на една практика во светот, која што се заснова на проценките на ризикот, дека семејствата кои што за првпат купуваат стан и живеат во него или куќа, се помал ризик од аспект, нели, на сервисирање на обврските и од тука добиваат, насекаде во светот, поповолни услови од страна на комерцијалните банки и тоа го очекуваме од нашите комерцијални банки.“, вели Трајко Славески.
Мерката за намалувањето на учеството ќе стан, на сила ќе стапи на 1 декември оваа година.