Кремљ изразува длабоко жалење за новата ескалација во Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремљ изразува длабоко жалење во врска со новата ескалација на ситуацијата во Иран, изјави денес прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, откако САД извршија напади врз три од главните нуклеарни објекти на Иран во ноќта помеѓу саботата и неделата.

„Секако, го осудуваме ова и изразуваме жалење во врска со ова, длабоко жалење“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како Кремљ ги гледа нападите на САД врз нуклеарните објекти во Иран.

Одговарајќи на прашање на РИА Новости за тоа дали американските напади врз Иран би влијаеле на односите меѓу Москва и Вашингтон, Песков рече дека ова се „независни процеси“.