Кремљ соопшти дека Путин се согласил да ги запре нападите врз украинските градови.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.
„Можам да кажам дека претседателот Трамп навистина лично го замолил претседателот Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори“.
На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори:
„Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.
Украинската државна метеоролошка служба вчера објави нагло опаѓање на температурите во наредните денови, дури до -30 степени.
Министерот за енергетика Денис Шмихал ја опиша ситуацијата како најтешка енергетска криза од зимата 2022 година.
Како одговор на кризата, властите отворија околу 1.300 таканаречени „точки на непобедливост“, државни шаторски засолништа каде што граѓаните можат да се засолнат од студот.
