Криминалец ја тужи полицијата бидејќи му го уништила автомобилот вреден 200 илјади фунти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британска компанија флашира чист воздух – цената е вистинска „ситница“

Компанија од Велика Британија започна полемика на социјалните мрежи благодарение на продажбата на стаклени шишиња полнети со „најсвежиот крајбрежен...

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час...

Иако побегнал од Велика Британија со цел да избегне затвор, не се двоуми пред судот на таа земја да ја побара правдата за уништениот автомобил вреден 200.000 фунти.

35-годишниот Захид Кан во Британија е осуден на 10 години затвор поради заговор, обид за измама, криење и нелегален пренос на имотот.

Непосредно пред изрекување на казната, тој избегал со авион во Дубаи, каде и денеска ужива во слободата.

Но сето ова не го спречи да покрене тужба поради уништувањето на Ферари 458 spider од страна на британската полиција.

Сè започнало откако Кан го паркирал својот автомобил пред судската палата во Бирмингем, во забранетото подрачје. Полицијата го повлекла возилото, за веднаш да утврди дека осигурувањето е истечено.

Автомобилот бил категоризиран како технички неисправен, па бил испратен на отпад каде што бил уништен во 2018 година.

Видео со уништувањето на скапиот автомобил и денес може да се види на Интернет, но не се препорачува на љубителите на Ферари да го погледнат:

Три години подоцна, оваа приказна добива интересно продолжение. Имено, Кан сега одлучи да ги тужи локалните агенции за спроведување на законот.

Тој рече дека „покренал постапка против полицијата која незаконски запленила Ферари 458 Спајдер вреден 200.000 фунти“.

Полицијата не е премногу возбудена и чека покана за судење. Во меѓувреме ја дознале адресата на која престојува Захид Кан, па иницирале барање за екстрадиција.

Инаку, Кан живее на високa нога во Дубаи и тоа не го крие. Има возач кој го вози на забави со скап автомобил, а тој често може да се види во друштво на познати личности, како што се боксерот Флојд Мејведер или раперот Баста Римс.

Кан е познат и по тоа што направил видео веднаш по бегството од Велика Британија во кое со чекан уништува „Ролекс“ вреден 30.000 фунти.