Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо, незадоволен од политиката на клубот, бојкотираше три натпревари на Ал Наср.

Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, и покрај стотиците милиони долари што ги заработува, ќе ја напушти Саудиска Арабија.

Сепак, познатиот ас го негираше сето ова откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.

„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторувам уште еднаш, ќе останам тука“, рече популарниот CR7.

Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1.000 гола во својата професионална кариера. Тој е сè уште на 36 гола од таа магична граница.