Кривична пријава против едно лице – не почитувал наредба и со возилото се обидел да удри полициски службеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.В.(56) од Штип, поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 27.11.2020 на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип, пријавениот не почитувал дадена  наредба и со возило се обидел да удри полициски службеник, кој извршувал работни задачи.