Кривична пријава за 20-годишен битолчанец – го снимил разговорот со малолетник и го објавил на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(20) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 20.11.2020, пријавениот, без знаење на 17-годишен малолетник, го снимал нивниот разговор, по што видеото го објавил на социјалните мрежи и на негов Youtube канал.