Општина Тетово поднесе кривична пријава против екс-градоначалничката Теута Арифи за злоупотреба на службената положба. Освен неа, кривична заработи и поранешна вработна во општината, адвокатот на општината и еден судија. Новата локална власт уверува дека имало злоупотреба на финансиски средства од општинскиот буџет. Според градоначалникот Касами, станува збор за експропријација во вредност од 3 милиони денари, а каматата на овој износ достигнала до 65 милиони денари. Предметот датира уште од 80-тите, а е реактивиран во 2015 година.
-Ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзина блиска соработничка, против судија и адвокат под сомнение дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањата и со тоа го оштетиле буџетот на општина Тетово во вредност од 68 милиони денари. За овој предмет, откако го добивме мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари, околу половина милион евра. Предметот со број П47/20 се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано и чија вредност била околу 50 илјади евра„ вели Касами.
Според Касами, поранешните раководители не реагирале навреме и не поднеле никаква жалба ниту склучиле договор со страната за да не се оштети буџетот на општина Тетово, со единствена цел да имаат придобивка од можните пазарења што можеле да ги направата со страната. ТВ21 во текот на денешниот ден праша во Основното обвинителство дали поднеле кривична пријава и дали Обвинителството започнало истрага. Но од таму ни рекоа дека тие го добиле предметот и дека следните денови ќе се види дали со овој случај ќе се занимава Тетовското обвинителство или Обвинителството за организиран криминал.
