Кризата ги погоди здравствените центри – десет пати повисоки сметки што тие не можат да ги платат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Енергетската криза почна тешко да ги погодува и најмалите здравствени домови. Од здравствениот дом во Вевчани велат дека во август презеле мерки и заштедиле околу 1000 киловати со што ја намалиле потрошувачката за 10%, но сметките се уште се многу високи и не може да се покријат од нивниот буџет.

Лани киловат час на слободниот пазар беше 3,7 денари, годинава е 37 денари. Тоа предизвика десеткратно зголемување на сметките за струја, особено во болниците. Но дополнителен товар е поскапувањето на нафтата, која е за 50% повисока од лани. Тие испратија допис до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување за надминување на проблемите предизвикани од енергетската криза.

Сите јавни здравствени установи ќе се снабдуваатсо струја што ќе ја продава ЕСМ по поповолна цена од берзанската, најави  пред неколку дена премиерот Димитар Ковачевски.

Основните и средните училишта ќе бидат субвенционирани по иста цена од Владата, тоа важи и за клиниките и болниците, соопшти Владата.  Вкупната цена на производството на ЕСМ моментално е некаде околу 70 евра за мегават час.