Кризата не беше пречка за летување – недостигаат 50 илјади работници во угостителскиот сектор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од 150.000 туристи отпатувале летово само во Турција. Но, сепак пет успешни сезони се потребни за да се врати туризмот на ниво на кое беше пред пандемијата, вели претседателот на Tуристичко-угостителска комора Аркан Керим.

„Само на аеродромот во Анталија имаат пристигнато 72 000 македонски туристи.Ако ги земеме предвид и другте дестинации 80-90 000 само со авион што се отидени. Немам инфо со автомобил колку заминале. Грција исто беше посетена, Албанија, Црна Гора, значи може да се каже дека имаше добра сезона за туристичките агенции кои работат појдовен туризам“, вели Аркан Керим.

Што се однесува пак до дојдовниот туризам 50% од хотелите во земјава се затворени.Тоа е причина и за помалата посетеност на земјава од странски туристи годинава во споредба со претходната.

Со помош на Владата објаснува Керим 99 % би се спасил секторот и за наредната сезона кога станува збор за угостителството.

„Се надеваме дека како што договоривме со министерот за економија сите ресторани и хотели со промет од 2 милион евра да бидат ставени на повластената листа за снабдување со електрична енергија“, додава Аркан Керим.

Друг проблем со кој се соочува овој сектор е работната сила. Вели дека недостасуваат 50 000 работници. Веќе има заинтересирани странци кои би сакале да работат во хотелите и рестораните  во земјава кои би работеле за истата плата која им се нуди и на домашните угостителски работници.

„Државата во соработка со стручната фела, со МАНУ, заедно со унверзитетите треба да направат стратегија за наредните 10 години за да се пополни бројот на работници кои недостасуваат. Како да се пополни? Да се донесат луѓе кои ќе живеат и работат во нашата држава. Ние може да увеземе работници од Филипини, Индонезија, од Турција“, порача Аркан Керим.

Општеството треба да ги прифати тие луѓе. Онолку колку што заминале толку треба да се увезат, бидејќи ниеден сектор ќе нема работници како што ги увезуваат во Дубаи и Катар, од Пакистан, од Филипини- додава тој.