Оваа каллива улица води до последната куќа во село Градец општина Врапчиште. Тука живее Шпреса Селами заедно со синот Хабиљ кој има 10 години. Тие се во тешка финансиска состојба бидејќи живеат со само 3000 денари социјална помош. Фрижидерот постојано е празен.
„Добронамерните луѓе изградија куќа заради една сестра муслиманка, додека проблемот е што водата влезе во мојата куќа и ми ја оштети целата куќа. Не знам каде да седам, во лоша ситуација сум, како што гледате. Добивам помош за син ми, сега си ги средив документите во 2024. Ама 3000 денари не се доволни, дали да јадеш или пиеш. И јас имам долгови во продавница и не можам да ги платам. Како што гледате бараме помош за леб. За момчето, ќе ја поправам оваа соба бидејќи снегот ја уништи“, Шпреса Селами.
Таа апелира за помош. Вели дека понекогаш момчето не оди ни на училиште бидејќи нема што да облече.
„Момчето има 10 години, шесто одделение, немам ни храна. Не го ни праќам на училиште, многу ми е жал. Сама сум и мајка, и татко, а од гардероба нема ништо. Ги молам хуманите луѓе кој може да ми помогне за потребите на мојот син и да се среди оваа куќа. Навистина ми е ладно еве три ноќи, навистина ги молам да ми помогнат да ја средам оваа куќа како и сите други што живеат, да живеам и јас“.
Заминавме од ова семејство со надеж дека хуманите луѓе ќе им дојдат на помош, за и тие да имаат подобар живот.
Број за контакт: Хабиљ Селами 072-768-247
