Политиката да ги тргне рацете од верата, ние сме секуларна држава порача меѓу другото денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со поставувањето на крстот на Попова Шапка.
Од Движење Беса, велат дека Општина Тетово има реализирано 10 пати повеќе проекти од сите општини на СДС.
„Му велиме на Ковачевски дека општина Тетово има реализирано 10 пати повеќе проекти од сите општини на СДСМ. Затоа го покануваме да дојде во Тетово заедно со сите градоначалници од редовите на неговата партија и пред граѓаните да ги презентираме проектите. Има докази дека СДСМ и го дала градежното земјиште на Црквата и ДУИ дала дозвола за градба. Последниот доказ е дека Ковачевски славеше за поставувањето на крстот со Вучиќ во Белград, пиејќи вино и пеејќи српски песни“, велат од Движење Беса.
Поставувањето на 15-метарскиот крст на Попова Шапка на 16 ноември предизвика многу реакции. Од општината велат дека крстот е поставен без дозвола, додека досега нема информации дали ќе биде отстранет. Ден потоа Стојанче Ангелов рече дека ако некој се обиде да го тргне крстот, тој ќе го брани заедно со неговите соборци од 2001 година.