Напаѓач во британскиот град Ридинг, избоде до смрт три лица, а неколку се пренесени во болница во критична состојба. Според очевидците на настанот, во крвавиот напад најмалку три лица загинаа, додека неколку се борат за живот.
Страшниот напад се случил во паркот во кој неколку часа претходно е одржан протест против расната дискриминација по смртта на невооружениот афроамериканец Џорџ Флојд.
Меѓутоа Би-Би-Си јавува како нападот нема поврзаност со протестот.
Полицијата наводно го привела напаѓачот.
