КСОМ со барања до новата Влада – измена на законот за работни односи и повисоки плати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Раководството на Конфедерацијата на Синдикални организации на Македонија одржа средба со заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски и заменик министерот за економија Марјан Ристески за да се разгледаат најважните прашања за заштита на работничките права.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски истакна дека ќе дискутираат за сите отворени прашања на синдикалците во моментов.

Инаку минатиот месец, платите во образование се покачија за 5%, од март наставниците ќе добијат покачување уште за 7%, а во континуитет до 2028 ќе имаат покачување на платите до 12%.