Куба остана без струја по ударот на ураганот Ијан, има и загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Куба остана без струја откако ураганот Ијан удри во оваа островска држава. Електронскиот систем доживеал целосен колапс, и главната електрана немала можност да се стави одново во погон.

Засега се пријавени две загинати лица, а причинета е материјална штета.

Ураганот е од трета категорија со ветрови до 195 километри на час, и сега се движи кон Флорида. Во оваа американска сојузна држава веќе има наредба за евакуација на одредени делови.

Падот на енергетскиот систем во Куба, остави без струја 11 милиони жители.

„Електричната мрежа низ земјата е падната 100%, зашто термоелектрената ‘Антонио Гвитерас‘ не можела да се синхронизира“, објави државната телевизија.