Кучиња скитници ја напаѓаат стоката, жителите на мака и без решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно теле, 12 овци и други нападнати животни се само некои од штетите од кучињата скитници во последниве месеци во Пршевци, Теарце.

-Дојдов, влегов како и секој друг пат, што да видам, го најдов телето задавено од кучиња скитници,другото повредено, ова не се има случено само кај мене, за три-четири месеци се случи и на три-четири други места, на комшијата две овци му изедоа, на еден друг комшија во последен момент му го спасивме телето, три месеци се соочуваме со напади-вели сточар.

-Мене телето ми го нападнаа, овие се поделени, јас сум во затворена населена зона и ми јави комшијата дека стоката е бучна, кога излегов во 3.30 часот утрото, кога видов, ми го задавиле телето и јас не пријавив бидејќи никој не презема мерки-изјави Зеќири, сточар.

Претседателот на месната заедница на селото Пршевци вели дека штетата е голема, но не знаат што да преземат.

-Ние како месна заедница го пријавивме случајот дека сакаме да ги усмртиме, не ни дозволија, сакаме да ги отруеме, не ни дозволија, од каде доаѓаат тие кучиња не знаеме, ова е голем проблем и имаме големи штети-изјави претседателот на месната заедница.

Случајот е пријавен и во полиција. Од СВР Тетово ги потврдија пријавите од Пршевци, а велат дека освен овој случај, и во село Ѓермо, мечка му ја задавила кравата на еден жител. Се обидовме да го контактираме градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири за да го прашаме дали е запознаен со случајот и дали се преземаат мерки, но тој беше недостапен на телефон.