На 18.06.2021 во 09.35 часот во СВР Куманово, Ц.К.(74) од с.Романовце, кумановско, пријавил дека во дворно место од неговата куќа во с.Романовце пронашол стара неексплодирана направа.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Куманово, при што било констатирано дека станува збор за стара рачна неексплодирана граната од Втората светска војна и таа е подигната за понатамошна постапка.
