Доколку Куманово изгледаше вака за време на викендот во текот на полицискиот час, денеска изгледа вака. Како и секој обичен ден граѓаните се на плоштадот, некои за работа другите од ќеиф. Редици пред банките и телекомуникациските оператори. Десетици граѓани чекаа почитувајќи го растојанието. Истата атмосфера и пред аптеките. Седењето дома 56 часа кумановци го оценија како непријатна но неопходна мерка. Полицискиот час остави без работа многу граѓани. Еден од нив апелираше до Премиерот да им излезе во пресрет на невработените и да им ги слушне маките.
„Полицискиот час беше добар за граѓаните, видовте сите градот беше сосема тивок. Но кај нас не влијаеше добро бидејќи имаме свои потреби, за купување и за плаќање. Полицискиот час беше донесен многу брзо, но го почитувавме и покрај се и се обидовме да останеме дома“, вели граѓанка.
Некои граѓани велат дека добро поминале дома и дека добро им дошла мерката.
„Мерката добро ни дојде, но ни дојде многу брзо, без најава. Жал ми е за некои кои не успеаја да набават елементарни работи кои му требаат на секое семејство дома“, вели граѓанин.
Поради зголемениот број случаи со заразени со Ковид-19 во Куманово, Владата донсе одлука полицискиот час во Куманово да се продолжи. Започна во петокот во 21 часот и траеше до денеска до 5 изутрина. Полицискиот час ги начека неподготвени граѓаните бидејќи веста беше најавена неколку часа пред да почне спроведувањето на мерката. Инаку Куманово ќе виде затворено секој викенд по 24 часа а преку неделата од 16 до 5 наутро, заради намалување на бројот на заразени лица од вирусот.
