ВЛЕН ја обвинува ДУИ дека создава паника во врска со проектот за булеварот „Хасан Приштина“, наведувајќи дека токму ДУИ го оставила проектот нереализиран.
Според Астрит Иљази, проектот бил промовиран уште во 2021 година, додека во 2023 и 2024 година сè уште се зборувало за подготовка на документацијата. Иљази вели дека и Државниот завод за ревизија констатирал дека за три булевари, меѓу кои и „Хасан Приштина“, не биле склучени договори за реализација.
„Да нема никаква дилема. Булеварот „Хасан Приштина“ не е откажан и ќе се изгради. Проектот останува и решението ќе продолжи. Како што ќе се заврши делницата од Момин Поток до „Словенечка“, работата ќе продолжи и со булеварот „Хасан Приштина“, преку Визбегово. Чекор по чекор, но без да го оставиме патот на половина, како што направи ДУИ“, изјави Астрит Иљази од ВЛЕН.
