„Кумановската група“ бара префрлање – Рауфи: Не очекувам пречки, доволно е да има волја од Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси сите државјани на Косово, осудени во случајот „Диво Насеље“ во Куманово сакаат да бидат префрлени во Косово каде ќе ја до издржат затворската казна, освен Шефкет Халачи и Хајруш Авдиу. Ова за ТВ21 го откри нивниот бранител Насер Рауфи.

„Од моите клиенти, двајца одбиваат да бидат префрлени – Шефкет Халачи и Хајруш Авдиу. Имам 8 клиенти државјани на Република Косово, односно 8 осудени. Барањето за префрлање на 6 од нив, го доставив до Министерството за правда, а двајца одбиваат да отпочнат постапка за трансфер“, вели Насер Рауфи.

Барањата за префрлање се разгледуваат од Министерството за правда. На прашањето – кога се очекува да се направи преместувањето и дали се очекуваат некакви пречки, од Министерството одговорија дека процедурата е комплекса, уверувајќи дека ќе постапат согласно билатералниот договор за трансфер на осудените во Р.Косово и легислативата на земјата.

„Се работи за комплексна и бавна процедура, во која учествуваат повеќе субјекти и во која треба да бидат исполнети повеќе услови. Бидејќи постапката се води пред нашите домашни органи, земјата од која се лицата се известува дури откако ќе заврши постапката, за истата да продолжи пред нивните институции“, порача Министерството за правда.

Дека косовските државјани сакаат да ја издржуваат затворската казна во нивното родно место, косовските власти ќе бидат известени откако целата постапка ќе заврши во нашата земја. Сепак, Рауфи не гледа дека може да дојде до било каква пречка, додавајќи дека е потребна само волја од Косово.

„Стапивме во контакт со министерката, како и со Амбасадата на Косово. И тие се вклучени во прашањето околу префрлувањето. Имам помош од нив, и од Амбасадата, но и од Министерството за правда на Косово. Ние како адвокати бевме и во Приштина и очекуваме што поскоро да биде спроведена постапката за преместување“, вели Насер Рауфи.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт со косовското Министерство за правда и да добие став – дали ќе ги примат нивните државни да ја доиздржат доживотната затворска казна, но безуспешно. Повеќето осудени се државјани на Косово и се сметаат за организатори на судирите во кумановско „Диво Насеље“. За настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, Кривичниот суд во 2017 година осуди 37 лица на 746 години затвор, од кои 8на доживотен затвор, а неколку месец претходно Врховниот суд ги отфрли како неосновани жалбите на осудените и одлучи да нема повторно судење на случајот.