Граѓаните на Куманово, преку специјални очила, имаа можност да видат како алкохолот влијае врз видот, координацијата и способноста безбедно да се управува со возило, пренесува ТВ21.
Очилата симулираа нарушен вид и намалена координација кои се појавуваат под дејство на алкохол.
Преку ова практично искуство, полицијата имаше цел да покаже дека дури и мало намалување на способностите зад воланот може да претставува сериозен ризик за возачот и за останатите учесници во сообраќајот.
Активноста ја реализираа Секторот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција.
