Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук профил упати пофалби кон претседателот на Собранието, Талат Џафери како најпристоен и одговорен политичар во Македонија.
Таа вели дека спикерот Џафери има почит кон сите членови на Собранието, но особено кон јавноста и граѓаните.

„Ако се ослободиме од субјективизми, комотно може да заклучиме дека во овој момент најсериозен, најпристоен и најодговорен активен учесник во политичкиот живот во Македонија е г-дин Талат Џафери. Нема гафови, функцијата ја обавува со потребната количина на достоинство. Има почит кон сите членови на Собранието, но особено кон јавноста и граѓаните. Нема испади на нескромност и афери за корупција. Сосем доволно“, посочува Куновска.
